На Денот без автомобили во петокот, општината Тирана за првпат воведе електрични такси возила. Градоначалникот Ерион Вељиај апелираше до граѓаните приоритет да им биде користењето на таксијата на струја, бидејќи така ќе се намали загадувањето на воздухот во албанската престолнина.
„Имаме 800 лиценцирани такси возила кои што произведуваат 3.200 тони јаглерон диоксид. Има 200.000 возила во Тирана, плус 60.000 влегуваат во градот секој дрн од други области“, изјави градоначалникот.
Тој рече и дека од следниот месец ќе почне тестирањето на електрични автобуси и им порача на автобуските компании дека нивна конкуренција ќе бидат и локалните власти.
„Имаме договор со превозниците. Во моментот кога општината ќе има алтернатива со електричните возила, ќе им ги одземеме лиценците на превозниците кои што користат дизел. Затоа и тие мораат да купат електрични автобуси пред да им ги земеме корисниците. Следниот месец ќе почнеме да тестираме електрични автобуси“, кажа Вељиај.