„ТОЈОТА“ ГО ГРАДИ ФУТУРИСТИЧКИОТ ТКАЕН ГРАД ЗА ДА ТЕСТИРА ЖИВЕЕЊЕ СО РОБОТИКА, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ВОЗИЛА БЕЗ ВОЗАЧИ

    „ТОЈОТА“ ГО ГРАДИ ФУТУРИСТИЧКИОТ ТКАЕН ГРАД ЗА ДА ТЕСТИРА ЖИВЕЕЊЕ СО РОБОТИКА, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ВОЗИЛА БЕЗ ВОЗАЧИИзградбата на Ткаениот Град вредна 10 милијарди долари започна во 2021, а првите жители ќе бидат вкупно само 100 луѓе. (Фото: АП)

    Ткаениот Град (Woven City) во близина на планината Фуџи е местото каде јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ планира да го тестира секојдневниот живот со роботиката, вештачката интелигенција и автономниот транспорт со нула емисии. Даисуке Тојода, извршен директор задолжен за проектот од основачкото семејство на автомобилскиот производител, истакна дека тоа не е „паметен град“.

    „Ние правиме тест курс за мобилност, така што тоа е малку поинаку. Ние не сме инвеститори во недвижнини“, рече тој при обиколката на објектот, каде што беше завршена првата фаза од изградбата.

    Кафематот УЦЦ служи топли пијалоци од автобусот со автономно возење, паркиран на плоштад опкружен со сè уште празни станбени комплекси.(Фото: АП)

    Асошиетед прес беше првиот странски медиум кој доби увид во Ткаениот Град вреден 10 милијарди долари.

    Првата фаза се протега на 47.000 квадратни метри, приближно со големина на околу пет бејзбол игралишта. Кога ќе биде завршен, ќе биде на 294.000 квадратни метри. Изграден на основа на стара фабрика за автомобили на „Тојота мотор корп.“, градот треба да биде место каде што истражувачите и стартапите се здружуваат за да споделуваат идеи, вели Тојода.

    Сите згради се поврзани со подземни премини, каде автономни возила ќе се движат за собирање ѓубре и испорака. (Фото: АП)

    Амбициозните планови за футуристички градови пропаднаа или се недовршени, меѓу кои и оној предложен од матичната компанија на „Гугл алфабет“ во Торонто; Неом во Саудиска Арабија; проект во близина на Сан Франциско предводен од поранешен трговец на Голдман Сакс, и Масдар Сити веднаш до аеродромот во Абу Даби.

    Изградбата на Ткаениот Град започна во 2021 година. Сите згради се поврзани со подземни премини, каде автономни возила ќе се движат за собирање ѓубре и испорака. Сè уште никој не живее таму. Првите жители ќе бидат вкупно само 100 луѓе. Наречени „ткајачи“, тие се работници во „Тојота“ и партнерски компании, меѓу кои и производителот на инстант тестенини „Нисин“ и „Даикин“ кој произведува климатизери. Кафематот УЦЦ служи топли пијалоци од автобусот со автономно возење, паркиран на плоштад опкружен со сè уште празни станбени комплекси.

    Името на градот е почест на почетоците на „Тојота“ како производител на автоматски текстилни разбои. Сакичи Тојода, прадедото на Даисуке Тојода, само сакал да ѝ го олесни животот на мајка си, која работела на рачен разбој.

    Името на градот е почест на почетоците на „Тојота“ како производител на автоматски текстилни разбои. (Фото: АП)

    Малку се зборуваше за користење на електрични возила, област во која „Тојота“ заостанува. Додека „Тесла“ и „Бид“ станаа големи играчи за производство електрични возила, „Тојота“ го користи водородот, енергијата избрана за Ткаениот Град.

    Претставниците на „Тојота“ признаа дека не очекуваат да заработат пари од Ткаениот Град, барем не со години. Кеисуке Кониши, авто-аналитичар во Центарот за брзо корпоративно вреднување, верува дека „Тојота“ сака да работи на роботски возила за да му се спротивстави на „Вајмо“ на „Гугл“ – дури и ако тоа значи изградба на цел комплекс.

    „’Тојота’ има пари да го направи сето тоа“, рече Кониши.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира