ТРАМП МОЖЕБИ ПРЕКРШИЛ ФЕДЕРАЛНИ ЗАКОНИ ОТИ НЕ ЈА ПРИЈАВИЛ ИСПЛАТАТА ЗА ПОРНО-ЅВЕЗДАТА СТОРМИ ДАНИЕЛС

    ТРАМП МОЖЕБИ ПРЕКРШИЛ ФЕДЕРАЛНИ ЗАКОНИ ОТИ НЕ ЈА ПРИЈАВИЛ ИСПЛАТАТА ЗА ПОРНО-ЅВЕЗДАТА СТОРМИ ДАНИЕЛСТврди дека Трамп бил целосно запознат со текот на преговорите со неа и со исплатата. - Сторми Даниелс (Фото: АП)

    Една непрофитна група побара од Министерството за правда да истражи дали со тајната исплата за порно-актерката Сторми Даниелс во пресрет на претседателските избори во 2016 година биле прекршени федерални закони, затоа што Доналд Трамп не го вклучил ова во своите завршни финансиски извештаи.

    Групата од Вашингтон „Граѓаните за одговорност и етика“ вложила цивилна и кривична жалба, сметајќи дека уплатата од 130.000 долари, што ја направил адвокатот Мајкл Коен, била заем од Трамп, па во тој случај треба да биде обелоденета.

    Во тужбата што ја вложи оваа недела, Даниелс тврди дека исплатата била дел од премолчен договор, со цел таа да не збори за аферата со Трамп од 2006 година. Таа вели дека Трамп бил целосно запознат со преговорите, како и со условите од договорот и со исплатата од 130.000 долари.

    Групата тврди дека Трамп во својот финансиски извештај за 2016 година не вклучува никакви референци кон Коен, што бил законски обврзан да го направи, бидејќи станува збор за сума поголема од 10.000 долари.

    „Ако тој свесно го испуштил ова од својот финансиски извештај како дел од поголема шема да ја прикрие врската со Даниелс, тогаш тоа не е мала работа. Не заборавајте дека и Ал Капоне бил фатен затоа што лажел во своите финансиски извештаи“, вели претседателот на групата, Норм Ајзен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира