ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ГРАДИ НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО АВСТРАЛИЈА

    ТРАМП НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ГРАДИ НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО АВСТРАЛИЈАКулата во Голд Коуст треба да биде висока 335 метри (Фото: Икс)

    Компанијата на Доналд Трамп ќе гради облакодер во Австралија, кој, според неговиот син Ерик, ќе биде највисоката зграда во земјата. Кулата ќе се гради во Голд Коуст во Квинсленд и треба да биде висока 335 метри.

    Првиот официјален проект на нашата компанија во Австралија ќе ги донесе престижот и привлечноста на луксузен бренд од светска класа во земјата“, кажа Ерик Трамп, кој е извршен потпретседател на „Организација Трамп“.

    Доналд Трамп се соочи со критики дека компанијата профитира неправедно поради неговото влијание како претседател, и покрај неговото ветување пред почетокот на вториот мандат дека нема да биде вклучен во управувањето со бизнисот додека е на функција.

    Се очекува кулата „Трамп“ од 91 кат да чини најмалку една милијарда долари, а изградбата треба да почне во август. Зградата ќе има 285 хотелски соби и 272 луксузни станови, покрај продавници, ресторани и ексклузивен клуб на плажа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира