ЦЕНТРАЛНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ЗАЕДНО ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД, СЕ СОГЛАСИЈА МИНИСТЕРКАТА АПОСТОЛСКА И АМБАСАДОРОТ ПЛОМП

    ЦЕНТРАЛНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ЗАЕДНО ТРЕБА ДА ГО НАПРАВАТ СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД, СЕ СОГЛАСИЈА МИНИСТЕРКАТА АПОСТОЛСКА И АМБАСАДОРОТ ПЛОМПХоландскиот амбасадор Ваутер Пломп и министерката Зорица Апостолска денеска заедно отидоа на работа со велосипед со цел да ја одбележат Европската недела на мобилност.

    Министеркaта без ресор Зорица Апостолска и холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска заедно отидоа на работа со велосипед со цел да ја одбележат Европската недела на мобилност и ги поканија сите граѓани да го следат нивниот пример. Министерката и амбасадорот се согласија дека централната и локалната власт треба да соработуваат за да го направат Скопје велоград, бидејќи придобивките од тоа ќе ги почувствуваат сите, соопштија од кабинетот на министерката Апостоловска, задолжена за странски инвестиции.

    „Двајцата го изразија своето задоволство што гледаат се повеќе луѓе на велосипед, кој е најлесниот, најефикасниот и најеколошкиот начин на превоз за Скопје. Се согласија дека е потребен заеднички труд од централната и локалната власт, како и од граѓаните, со цел Скопје да се направи вело-град, но и дека придобивките од ова ќе ги почувствуваат сите“, се вели во соопштението.

    Слоганот на овогодинешната Европска недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред“, а вкупно 12 града од Македонија веќе имаат пријавено свои активности како дел од оваа мрежа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира