„Ние“ е насловена годинашната кампања на Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“, кои денеска го одбележуваат Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Поради пандемијата на ковид-19, тие денеска не го одржаа традициналниот Марш на црвениот чадор низ Скопје, туку наместо тоа, на Плоштадот Македонија ги отворија црвените чадори и со транспаренти порачаа „Нашите тела не се јавни простори“.
Наместо марш по 13.пат, за вечерва во 18 часот е најавен нивниот тричасовен уметнички перформанс на излозите на Универзална сала.
„Пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички“, велат организаторите.
Преносот ќе може да се следи на Фејсбук страната на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ.
„Стар-Стар“ е невладина организација, која од 2012 активно работи на имплементација на програмата за ХИВ превенција помеѓу сексуалните работници