УКРАИНСКА ПОРНОАКТЕРКА СОБИРА СРЕДСТВА ЗА КУПУВАЊЕ ПРОТЕЗИ ЗА ВОЕНИ ИНВАЛИДИ

    УКРАИНСКА ПОРНОАКТЕРКА СОБИРА СРЕДСТВА ЗА КУПУВАЊЕ ПРОТЕЗИ ЗА ВОЕНИ ИНВАЛИДИЈулија Сењук сними фотосесии со тешко повредени војници со цел да укаже на недостиг на средства за купување протези

    Јулија Сењук е попозната по своето уметничко име во светот на порнографијата Џозефин Џексон. Оваа популарна украинска порноактерка сега собира средства за украинските војници кои изгубиле екстремитети во војната со Русија.

    „Порноактерка ја рехабилитира војската! Сакаме да го свртиме вниманието кон проблемот на рехабилитација од повреди. Многумина собираат пари за дронови, а се заборава на протези. Мислам дека успеав да привлечам внимание зашто сега повеќе луѓе донираат пари за протези“, вели Сењук.

    Дваесет и деветгодишната жителка на Лвов стана амбасадорка на „Титанови рехаб“, иницијатива на клиника од Киев вклучена во рехабилитацијата на повеќе од 30 украински воени инвалиди. Сењук сними две фотосесии со тешко повредени војници со цел да укаже на недостиг на средства за купување протези, во услови кога тие им се потребни на илјадници Украинци.

    Министерката за социјална политика Оксана Жолнович изјави дека Киев намерно не открива на колку луѓе им требаат протези, но додаде дека владата ќе ги покрие сите трошоци за тоа.

    „Оваа година се обезбедени 111 милиони евра за рехабилитација и нема потреба да се собираат донации за протези“, изјави Олена Кулчицка, советничка на Жолнович.

    Според фондацијата „Протез“, околу 59.000 Украинци требаат протетски екстремитети и тие чинат меѓу 46.000 и 90.000 долари.

    „Јас не сум специјалистка за професионална рехабилитација. Јас им зборам, одвраќам внимание, им кажувам анегдоти од мојата работа. Ми кажуваа дека се многу среќни отпосле“, вели Сењук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира