УКРАИНСКОТО МНР ДОБИ ПОРТПАРОЛКА СОЗДАДЕНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    УКРАИНСКОТО МНР ДОБИ ПОРТПАРОЛКА СОЗДАДЕНА СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАЛикот и гласот на Викторија Ши се обликувни според пејачката Розалија Номбре (Фото: Икс)

    Украина ја претстави новата портпаролка на министерството за надворешни работи која е заснована врз вештачка интелигенција. Облечена во темно одело, портпаролката се претстави како дигитална личност Викторија Ши, при што гестикулира со рацете и ја движи главата додека зборува.

    Од министерството кажаа дека изјавите на Ши нема да бидат создавани со вештачка интелигенција, туку ќе бидат напишани и одобрени од вистински луѓе.

    Главната причина за нејзиното создавање е да се заштедат време и ресурси на дипломати. Ваков технолошки исчекор досега не направила ниедна дипломатска служба на светот“, изјави министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.

    Ликот и гласот на Викторија се обликувни според вистинска личност: пејачката Розалија Номбре, која потекнува од окупираниот град Доњецк и има 54.000 следбеници на Инстаграм, каде што често дискутира за стереотипи поврзани со Украинци од мешана раса.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира