УЛТРАРАДИКАЛНАТА УНГАРИЈА ГО ДОБИ ПРВИОТ ЦРНОМУРЕСТ ПАРЛАМЕНТАРЕЦ

    УЛТРАРАДИКАЛНАТА УНГАРИЈА ГО ДОБИ ПРВИОТ ЦРНОМУРЕСТ ПАРЛАМЕНТАРЕЦТаткото на Оливио Кочиш-Цокер има потекло од Гвинеја Бисау, а во Унгарија дошол како 18-годишник за да студира

    Унгарија има репутација на држава со една од најтврдокорните антиимигрантски политики во Европа, а денеска го доби својот прв црномурест парламентарец.

    Оливио Кочиш-Цокер, член на опозициската партија Парбесед (Дијалог), влезе во унгарскиот парламент, откако негов партиски колега се повлече од функцијата.

    Кочиш-Цокер стана популарен во Унгарија среде силно изразената антиимигрантска реторика, во што предничеа владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, државните медиуми блиски до неа и крајно десничарските групи.

    „Во 90-ите години многупати се најдов загрозен, кога на улица ме пресретнуваа скинхедси. Сега главно сомничаво ме гледаат“, вели тој.

    Парбесед освои само пет пратенички места на неодамнешните избори, па влезе во коалиција со Социјалистичката партија за да формира блок од 20 пратеници.

    „Фидес постојано си наоѓа непријател на денот, Брисел, Сорос, бегалци, бездомници, Роми. Изминативе години, таа води кампања на омраза. Јас сакам да ги уништам предрасудите и стереотипите што Фидес ги всади во унгарското општество за мигрантите“, вели Кочиш-Цокер, чиј татко има потекло од африканската држава Гвинеја-Бисау, а во Унгарија дошол кога имал 18 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира