ВИДОВМЕ ДВЕ ИЗГРЕЈСОНЦА – „КВАНТАС“ ГО КОМПЛЕТИРАШЕ ЛЕТОТ ЛОНДОН-СИДНЕЈ, НАЈДОЛГ НА СВЕТОТ

    ВИДОВМЕ ДВЕ ИЗГРЕЈСОНЦА – „КВАНТАС“ ГО КОМПЛЕТИРАШЕ ЛЕТОТ ЛОНДОН-СИДНЕЈ, НАЈДОЛГ НА СВЕТОТ„Боинг 787-9 дримлајнер“ безбедно слета во Сиднеј по 19 часови и 19 минути лет (Фото: Гети)

    Австралискиот авиопревозник „Квантас“ постави нов рекорд откако успешно го комплетираше пробниот лет од Лондон до Сиднеј.

    Авионот „боинг 787-9 дримлајнер“ безбедно слета во Сиднеј по 19 часови и 19 минути, што е нов најдолг непрекинат лет на светот. Тој полетал вчера наутро по британско време, а слетал денеска во 12.30 часот по сиднејско време.

    „Двапати видовме изгрејсонце“, изјави извршниот директор на „Квантас“, Алан Џојс, откако излезе од авионот.

    Патувањето долго 17.800 километри беше дел од проектот „Изгрејсонце“, во кој „Квантас“ планира да воведе редовни комерцијални линии од австралиските градови Сиднеј, Мелбурн и Бризбејн до Лондон и Њујорк. Летот Сиднеј-Њујорк, долг 19 часови и 16 минути, успешно беше тестиран минатиот месец.

    На новиот рекорден лет имало само 52 патници, главно вработени во „Квантас“, врз кои биле спроведени низа тестови поврзани со спиењето, исхраната и физичките активности.

    „Квантас“ до крајот на годината треба да донесе одлука дали ќе почне со вакви ултрадолги летови, кои би стартувале во 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира