ВИЕТНАМСКА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 320.000 УПОТРЕБЕНИ КОНДОМИ НАМЕНЕТИ ЗА ПРОДАВАЊЕ

    ВИЕТНАМСКА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 320.000 УПОТРЕБЕНИ КОНДОМИ НАМЕНЕТИ ЗА ПРОДАВАЊЕКондомите биле перени, преобликувани и пакувани, пред повторно да се најдат на пазарот (Фото: Ројтерс)

    Виетнамска полиција запленила повеќе од 320.000 употребени кондоми кои повторно илегално биле продавани, објавија локалните медиуми.

    Тие објавија фотографии од десетици кеси полни со кондоми вкупно тешки 360 килограми, кои неодамна биле откриени во складиште во јужната провинција Бинх Дуонг. Жена за која се верува дека е сопственик на складиштето е уапсена.

    Кондомите биле перени, преобликувани со дрвен вибратор и пакувани, пред повторно да се најдат на пазарот.

    Уапсената жена изјавила дека плаќала 0,17 долари за килограм кондоми, објави државната телевизија ВТВ. Не е познато колку вакви кондоми биле продадени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира