ВИП ГО ПОЧИТУВА ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ

    ВИП ГО ПОЧИТУВА ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ НА ВРАБОТЕНИТЕДимитар Ковачевски, Извршен директор на Вип на денешното доделување на МАМФОРС стандардот.

    „Вип“ е првата компанија во Македонија која што го доби МАМФОРС стандардот што претставува признание за успешно спроведување на политиките кои што ги земаат предвид семејните потреби на вработените и овозможуваат баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

    „Горд сум што ‘Вип’ се стекнува со МАМФОРС стандардот. Тоа е уште една потврда дека за нас најголемиот и највреден капитал се вработените за кои со особено внимание и посветеност работиме на креирање и спроведување внатрешни политики кои овозможуваат постигнување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот и дека поседуваме стандарди коишто овозможуваат на вработените најдобри услови за работа во Македонија“, рече Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип на доделувањето на МАМФОРС стандардот.

    Во „Вип“ има вкупно 1.150 вработени. Просечната возраст во компанијата е 35 години. Водејќи се според водечките принципи на компанијата, тим, доверба и агилност, „Вип“ е компанија со висок степен на колегијална поддршка и отворена комуникација меѓу вработените, со кадар кој брзо одговара на сите предизвици на телекомуникацискиот пазар ставајќи ги секогаш корисниците на прво место.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира