Специјален ритуал на прочистување беше изведен на главниот олтар во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан откако беше осквернавен од гол маж кој протестираше против војната во Украина. Молитвата позната како покајнички обред беше водена од надбискусот на базиликата Мауро Гамбети.
Ова уследи откако пред два дена млад маж од Полска се соблекол гол и застанал на олтарот во базиликата, при што на грбот му била испишана пораката „Спасете ги украинските деца“. Ватиканските чувари го предале демонстрантот на италијанската полиција, која му изрекла протерување од Италија.
„Тој направи грешен, несоодветен и навистина непосакуван гест за да го сврти вниманието на жртвите на војната“, изјави Гамбети.
Извори од Ватикан кажаа дека демонстрантот имал расекотини по телото, што самиот си ги нанесол со нокти.