ВО ИТАЛИЈА ИСКОПАНИ СОВРШЕНО ЗАЧУВАНИ БРОНЗЕНИ СТАТУИ СТАРИ 2.300 ГОДИНИ

    ВО ИТАЛИЈА ИСКОПАНИ СОВРШЕНО ЗАЧУВАНИ БРОНЗЕНИ СТАТУИ СТАРИ 2.300 ГОДИНИСтатуите се пронајдени во калта под урнатините на древна бања (Фото: ЕПА)

    Италијанските археолози ископаа 24 совршено зачувани бронзени статуи во Тоскана, за кои веруваат дека потекнуваат од древните римски времиња. Статуите се пронајдени во калта под урнатините на древна бања во Сан Кашано деи Бањи, ридско гратче во провинцијата Сиена.

    (Фото: ЕПА)

    Прикажувајќи римско-грчки богови и божици, се верува дека се стари околу 2.300 години. Еден експерт кажа дека ова откритие би можело одново да ја испише историјата.

    Најголем дел од статуите, пронајдени покрај 6.000 златни, сребрени и бронзени монети, датира од периодот меѓу вториот век пред нашата ера и првиот век од нашата ера.

    (Фото: Министерство за култура на Италија)

    „Таа ера се означува како период на голема трансформација на древна Тоскана, кога регионот преминал од етрурска во римска власт“, соопшти министерството за култура.

    Статуите, кои биле зачувани од водата, ќе бидат реставрирани, пред да бидат изложени во нов музеј во Сан Кашано.

    (Фото: Министерство за култура на Италија)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира