ВО ЈУЖНА КАРОЛИНА ПОГОДЕН ЏЕКПОТОТ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    ВО ЈУЖНА КАРОЛИНА ПОГОДЕН ЏЕКПОТОТ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИФактот дека џекпотот не беше погоден од јули предизвика големи редици пред продажните места во пресрет на последното извлекување (Фото: ЕПА)

    Најмалку едно добитно ливче, во Јужна Каролина, е пријавено за најголемиот џекпот во историјата на американската лотарија, што на победникот ќе му донесе награда од рекордни 1,6 милијарди долари.

    Официјалните лица на лотаријата Мега милионс кажаа дека во Јужна Каролина е продадено едно ливче со погодени сите шест бројки. Во исто време, имало и 15 втори награди, кои изнесуваат по еден милион долари.

    Извлечените бројки кои вредат повеќе од една и пол милијарда долари се 28, 70, 5, 62, 65, 5 и се проценува дека шансите тие да се погодат изнесуваат еден наспроти 300 милиони.

    Ако победникот избере сумата одеднаш да му биде исплатена, тој, сепак, нема да стане милијардер, бидејќи по одбиените даноци ќе му останат 913 милиони долари. Другата опција е сумата да му се исплатува на рати во наредните 29 години.

    Ливчињата за Мега милионс се продаваат во 44 американски сојузни држави и џекпотот не беше извлечен од јули годинава.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари