ВО САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПАЃА ИНТЕРЕСОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КНИГИ, СЕ ВРАЌААТ ПЕЧАТЕНИТЕ ИЗДАНИЈА

    ВО САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПАЃА ИНТЕРЕСОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КНИГИ, СЕ ВРАЌААТ ПЕЧАТЕНИТЕ ИЗДАНИЈАВо Велика Британија една третина возрасни пробале таканаречена „дигитална детоксификација“ за самите да си го ограничат своето време поминато пред екрани - улична продавница на книги во центарот на Скопје (Фото: СДК.МК)

    Најновите истражувања покажуваат дека читателите се помалку ги читаат електронските книги и се враќаат на традиционалните печатени изданија.

    Продажбата на електронските книги падна за 17 проценти во Обединетото Кралство во 2016 година, а за истиот период продажбата на отпечатени книги и весници се покачи за 7 насто. Продажбата на детски книги се покачи за 16 проценти.

    Сличен тренд има и во САД, каде што продажбата на електронски книги се намали за 18,7 отсто во првите девет месеци од 2016 година. Продажбата на отпечатените книги и весници за истиот период се зголеми за 7.5%.

    Истражувањето покажало дека отпечатените детски книги отсекогаш биле попопуларни од електронските. Истото се однесува и на книгите со рецепти за готвење.

    Експертите велат дека многу луѓе сакаат да го ограничат нивното време поминато пред екран. Британското регулаторно тело Офком откри дека една третина возрасни пробале таканаречена „дигитална детоксификација“ во 2016 за самите да си го ограничат своето време поминато пред екрани.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира