ВРАБОТЕНА ВО ЛОНДОНСКА ИТ ФИРМА ГО ТУЖЕЛА ШЕФОТ ОТИ МИСЛЕЛА ДЕКА „ХХ“, „УУ“ И „???“ СЕ ШИФРИ ЗА СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ

    ВРАБОТЕНА ВО ЛОНДОНСКА ИТ ФИРМА ГО ТУЖЕЛА ШЕФОТ ОТИ МИСЛЕЛА ДЕКА „ХХ“, „УУ“ И „???“ СЕ ШИФРИ ЗА СЕКСУАЛНИ ОДНОСИТврдењата на Гаспарова беа наречени „искривена перцепција на секојдневните настани“ и дека „покажала тенденција да изнесува наводи без докази“. (Фото: Пекселс)

    Карина Гаспарова, вработена во ИТ фирма во Лондон, го тужела својот шеф за сексуално вознемирување, оти верува дека тоа што користел знаци како „хх“ , „yy “ и „???“ во електронската пошта со кои барал повеќе податоци, било код за барање сексуални односи.

    Гаспарова, исто така, тврди дека кога Александар Гуландрис го преименувал документот со неговите иницијали „АЈГ“, тоа било кратенка од „Огромен полов орган“ (A jumbo genital).

    Трибуналот за вработување во Централниот суд во Лондон рече дека перцепцијата на Гаспарова за настаните била „искривена“. Нејзините тврдења беа отфрлени.

    Гаспарова била проект менаџер во лондонската канцеларија на „ессДОЦС,“ компанија која обезбедува „трговски решенија без хартија“. Таа ја тужела фирмата со тврдења за сексуално вознемирување, дискриминација и неправедно отпуштање.

    Таа го тужела шефот и дека кога  ѝ рекол „Имајте убава вечер“, бил со тон на додворување, како и дека тој намерно ја допрел нејзината рака кога посегнал по компјутерскиот маус.

    Трибуналот рече дека ниту еден инцидент не бил од сексуална природа и тие исто така биле одбиени.

    Тврдењата на Гаспарова беа наречени „искривена перцепција на секојдневните настани“ и дека „покажала тенденција да изнесува наводи без докази“. Таа мораше да плати 5 илјади фунти за судските трошоци на фирмата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира