ВРАБОТЕНИТЕ ВО АЛКАЛОИД ПРЕД 40 ГОДИНИ РАЧНО ГИ НАПРАВИЛЕ ПРВИТЕ 3 КИЛОГРАМИ ОД ДЕТСКИОТ КРЕМ БЕКУТАН

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО АЛКАЛОИД ПРЕД 40 ГОДИНИ РАЧНО ГИ НАПРАВИЛЕ ПРВИТЕ 3 КИЛОГРАМИ ОД ДЕТСКИОТ КРЕМ БЕКУТАНАлкалоид ангажираше нови заштитни лица на пелените и влажните марамчиња „Бекутан“, односно Дарија, Пела, Ледиан, Андреј, Луна, Огнен и Михаил. (Фото: СДК.МК)

    Првите количини од детскиот крем „Бекутан“ вработените во фармацевтската компанија „Алкалоид“ пред 40 години го направиле рачно, а 1978 година почнале и со индустриско производство.

    „Токму на 8-ми март имав рачно направено точно три килограми ‘Бекутан’ крем, кои ги подаривме на дечиња во градинка“, вели Блажо Ставров пензиониран технолог во видеоспотот на „Алкалоид“ по повод 40 годишниот јубилеј, кој денес беше премиерно емитуван.

    Тој заедно со Софка Солеска, пензиониран фармацевт, го почнале производството на детскиот крем, кој на почетокот се произведувал во скромни количини во одделението за производство на медицински масти во Алкалоид.

    Живко Мукаетов генерален директор на Алкалоид, вели дека „Бекутан“ е синоним за квалитет, доверба и лојалност (Фото: М. Златевска)

    Пред 40 години под брендот „Бекутан“ се произведувале пет производи за нега на бебешка кожа, а денес брендот има 26 основни производи со над 50 различни форми на пакувања.

    „Довербата во брендот Бекутан од 1978 година се пренесува од генерација на генерација. Тоа е нашиот најцврст темел за долгогодишна традиција. Се работи според најновите трендови во медицинската козметологија во соработка со врвни фармацевти, педијатри и дерматолози во земјава. Со над 200 милиони продадени парчиња производи ‘ Бекутан’ е синоним за постојан квалитет, доверба и лојалност“, вели Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“.

    За редизајнираните бебешки пелени и влажни марамчиња од овој бренд Алкалоид ангажираше нови заштитни лица: Дарија, Пела, Ледиан, Андреј, Луна, Огнен и Михаил. Лидер во колекцијата „Бекутан“ е детскиот крем со продадени 45 милиони парчиња.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари