ВРАБОТЕНИТЕ ВО „АЛКАЛОИД“ СОБРАА ПО ТОН ОБЛЕКА И ХРАНА ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО „АЛКАЛОИД“ СОБРАА ПО ТОН ОБЛЕКА И ХРАНА ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИГенералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов на една од хуманитарните акции. (Фото: „Алкалоид“)

    Еден тон облека и тон храна собраа вработените во компанијата „Алкалоид“ , кои учествуваа во повеќе хуманитарни активности со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

    „Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат“, велат од „Алкалоид“.

    Од двете крводарителски акции со Црвен крст годинава, собрани се 340 единици.

    „Оваа бројка зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување“, додаваат од компанијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира