ВРХОВНИОТ СУД НА САД РЕШАВА ЗА СЛУЧАЈОТ НА СЛАТКАР КОЈ ОДБИ ДА НАПРАВИ ТОРТА ЗА ГЕЈ ДВОЈКА

    ВРХОВНИОТ СУД НА САД РЕШАВА ЗА СЛУЧАЈОТ НА СЛАТКАР КОЈ ОДБИ ДА НАПРАВИ ТОРТА ЗА ГЕЈ ДВОЈКАВрховниот суд ќе реши дали ова е случај на уметничка слобода или дискриминација (Фото: АП)

    Врховниот суд на САД ја почнува постапката за долгоочекуваниот случај на слаткар од Колорадо, кој одби да направи свадбена торта за хомосексуална двојка во 2012 година.

    Во судницата ќе се соочат тврдењето на слаткарот Џек Филипс дека Првиот амандман му дава уметничка слобода и антидискриминациските аргументи на Комисијата за човекови права на Колорадо. Таа го обвини Филипс дека ги прекршил државните антидискриминациски закони, кога одбил да направи торта за Чарли Крег и Дејвид Малинс.

    Администрацијата на Доналд Трамп ги поддржа аргументите на Филипс дека никој не може да го натера да направи торта спротивна на неговите верски верувања и ова е првпат федералната влада да побара да се направи исклучок од антидискриминациски закон.

    Исходот од овој случај би можел да влијае врз одлуките на фотографите и цвеќарите, кога во иднина ќе се најдат во слична ситуација.

    На уметниците не би требало да им се наредува како да се изразуваат. Комисијата му нареди на Филипс да слави нешто што му го забранува верата или да престане да го прави она што го сака. Врховниот суд никогаш не се мешал во нечие уметничко изразување“, изјави адвокатката која го застапува Филипс, Кристен Вагонер.

    Но, групите за човекови права сметаат дека ова би можело да дозволи дискриминација и во други бизниси.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари