ЗА ЛОЗ ОД 100 ЕВРА ФРАНЦУЗИН ОСВОИ СЛИКА ОД ПИКАСО ВРЕДНА 1 МИЛИОН НА ХУМАНИТАРНА ТОМБОЛА

    ЗА ЛОЗ ОД 100 ЕВРА ФРАНЦУЗИН ОСВОИ СЛИКА ОД ПИКАСО ВРЕДНА 1 МИЛИОН  НА ХУМАНИТАРНА ТОМБОЛА Над 120.000 билети за извлекувањето на наградите биле продадени по 100 евра, собирајќи околу 11 милиони евра за истражување на Алцхајмеровата болест, на третото издание на томболата за Фондацијата „1 Пикасо за 100 евра“ основана во 2013. (Фото: ЕПА)

    Французин освои оригинална слика од Пабло Пикасо вредна повеќе од 1 милион евра на хуманитарна томбола. Ари Ходара, инженер и ентузијаст за уметност, дознал дека е победник кога се јавил на видеоповик од аукциската куќа „Кристи“ во Париз.

    „Како да знам дека ова не е шега?“ прашал 58-годишникот кога му било кажано дека е новиот сопственик на делото од шпанскиот мајстор од 1941 година.

    Организаторите рекоа дека над 120.000 билети за извлекувањето на наградите биле продадени по 100 евра, собирајќи околу 11 милиони евра за истражување на Алцхајмеровата болест. Извлекувањето беше третото издание на томболата за собирање средства  за Фондацијата „1 Пикасо за 100 евра“, која беше основана во 2013.

    Наградата оваа година беше „Глава на жена“, портрет изработен во гваш на хартија во препознатливиот стил на Пикасо. На неа е прикажана неговата партнерка и муза, француската надреалистичка уметница Дора Мар.

    „Бев изненаден. Кога се обложувате на ова, не очекувате да победите. Но, многу сум среќен затоа што сум многу заинтересиран за сликарство“, рече Ходара во телефонскиот разговор со аукционерите по извлекувањето.

    Француската новинарка Пери Кошин ја организирала томболата со поддршка од семејството и фондацијата на Пикасо. Таа рече дека е одлично што победникот живее во Париз, и покрај тоа што билетите се продавале во десетици земји низ целиот свет.

    „Ќе ни биде многу лесно да ја доставиме сликата, па затоа сме среќни“, рече таа.

    Првото издание на томболата го доби 25-годишна Американка од Пенсилванија во 2013, а средствата беа собрани за да се помогне во зачувувањето на либанскиот град Тир – светско наследство на УНЕСКО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира