ЖЕНАТА КОЈА ГО ОТКРИЛА ПРВИОТ КОРОНАВИРУС НЕМАЛА НИКАКВО МЕДИЦИНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

    ЖЕНАТА КОЈА ГО ОТКРИЛА ПРВИОТ КОРОНАВИРУС НЕМАЛА НИКАКВО МЕДИЦИНСКО ОБРАЗОВАНИЕЏун Алмеида ги развила своите неверојатни вештини со електронски микроскоп откако се преселила во Торонто. (Фото: Гети)

    Жената која го открила првиот коронавирус кај луѓето била ќерка на шкотски возач на автобус и го напуштила училиштето на 16 години. Џун Алмеида подоцна станала пионер на полето на идентификација на вируси, чија работа се врати во фокусот среде актуелната пандемија.

    КОВИД-19 е нова болест, но е предизвикана од коронавирус, чиј тип првпат бил идентификуван од Алмеида во 1964 година во нејзината лабораторија во болницата „Сент Томас“ во Лондон.

    Родена како Џун Харт во 1930 година, таа го напуштила училиштето со малку формално образование, но добила работа како лабораториски техничар во болница во Глазгов.

    Алмеида почнала да ги развива своите неверојатни вештини со електронски микроскоп откако се преселила со сопругот во Торонто и се вработила во Институтот за рак на Онтарио. Таа развила метод за подобро визуелизирање вируси користејќи антитела.

    Нејзините таленти биле препознати во Велика Британија и таа во 1964 почнала да работи во болницата „Сент Томас“, каде што д-р Дејвид Тајрел ѝ пратил примероци од едни свои истражувања. Користејќи електронски микроскоп, Алмеида пронашла делови од вируси во примероците, кои ги опишала како вируси на грип, но не сосема исти. Така го идентификувала она што стана познато како прв човечки коронавирус.

    Првите фотографии од она што таа го видела биле објавени дури две години подоцна. Тајрел, Алмеида и нивниот колега Тони Вотерсон го именувале коронавирус поради изгледот на круна.

    Во доцни 1980-ти, Алмеида помогнала да се направат слики и од ХИВ-вирусот, а починала во 2007.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира