„ЗЛАТЕН ДАБ“ СО СПЕЦИЈАЛНА СЕРИЈА БЕЗ ЕТИКЕТА ЗА СВЕТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ

    „ЗЛАТЕН ДАБ“ СО СПЕЦИЈАЛНА СЕРИЈА БЕЗ ЕТИКЕТА ЗА СВЕТ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ

    „Златен Даб“ без етикета за да нема етикетирање!

    Тоа е пораката што Прилепска пиварница ја испраќа во продолжението на својата кампања насловена „Без предрасуди, без етикети“, преку која им се дава поддршка на различностите.

    По тој повод, Прилепска пиварница лансира специјална серија шишиња од половина литар на коишто нема никаква етикета. Исто така, од секое купено шише се издвојуваат по пет денари, кои влегуваат во фондот на донации на Прилепска пиварница, што потоа ќе бидат дадени во добротворни цели.

    „Со овој несекојдневен маркетиншки потег директно се пренесува пораката ‘Без предрасуди, без етикети‘ и се повикува на прифаќање на различностите, ослободување од стереотипи и на отфрлување на дискриминацијата од секаков вид. Побарајте го ‘пивото без етикета‘ и со тоа симболично дадете ја својата поддршка за градење свет еднаков за сите“, стои во пораката на компанијата.

    Оваа ограничена серија шишиња може да се најде во поголемиот синџир супермаркети во Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Струмица и во Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира