1,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО БУЏЕТОТ ЗА 2020

    1,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО БУЏЕТОТ ЗА 2020Поглед на загадено Скопје од Водно (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во буџетот за следната година се предвидени 100 милиони денари за борба против аерозагадувањето, кажа премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата за презентација на буџетот. Дополнително, тој рече дека од ЕСМ ќе бидат обезбедени 10 милиони евра за субвенции за инвертори.

    Но, како што кажа Заев, овие суми се само дел од вкупните средства предвидени за справување со загадувањето на воздухот, бидејќи министерствата во своите посебни буџети имаат предвидено средства за таа цел.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира