До 10 часот на предвремните парламентарни избори гласале 9,49 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезност има во четвртата изборна единица – 11,33%, а во третата има 11,24%. Во првата изборна единица досега гласале 11,05%, а под 10% се втората – 9,73%, петтата – 9,05% и шестата – 5,10%.
Вкупно во избирачкиот список се запишани 1.784.416 граѓани, а до 10 часот гласале 164.253.