Во последните 24 часа починаа 10 лица по компликации од коронавирус, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.
Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81 годишен пациент. Во болницата во Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во болницата во Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во „Филип Втори“ е починат пациент на 67 години.
Во изминатото деноноќие се направени 1.437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-7, Штип-19, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-14, Велес-1, Битола-2, Охрид-5, Гостивар-6, Радовиш-2, Крушево-1, Демир Хисар-1, Свети Николе-3, Кичево -4.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 9.547, од кои оздравени се 5.071, починаа 442, а активни се 4.034. Од вчерашните тестирања, два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.413, активни 1.909
• Куманово 940, активни 252
• Дебар 175, активни 112
• Штип 659, активни 333
• Прилеп 313, активни 56
• Тетово 962, активни 297
• Струга 391, активни 184
• Велес 209, активни 27
• Битола 96, активни 51
• Охрид 250, активни 99
• Кавадарци 32, активни 18
• Гостивар 321, активни 207
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 22
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 28, активни 23
• Крушево 14, активни 9
• Кочани 90, активни 22
• Пробиштип 46, активни 29
• Демир Хисар 19, активни 17
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 205, активни 190
• Кичево 105, активни 86
• Ресен 141, активни 57
• Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-136, Биотек-158, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-322, Систина со ПЦР метода -164, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-5, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 89.703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.