100 ЕВРА ДОНАЦИЈА ЗА ЦРКВА ИЛИ НЕМА ПОГРЕБ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:301:"СкопскатаепархијанаМакедонскатаправославнацрква-ОхридскаархиепископијавелидекаодлукатаенаграѓанитештоседелодЦрковниотодбор,аненасвештениците.

    100 ЕВРА ДОНАЦИЈА ЗА ЦРКВА ИЛИ НЕМА ПОГРЕБ

    Скопје, 25 март,2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Жителите на скопската населба Илинден мора да плаќаат по 100 евра од куќа за изградба на црква. Оние што ќе одбијат да дадат пари нема да може да ги погребаат починатите. Оваа обврска важи од први јануари оваа година, а им ја наложил Црковниот одбор на Свети Константин и Елена во оваа населба.

    Скопската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија вели дека одлуката е на граѓаните што се дел од Црковниот одбор, а не на свештениците.

    “Ова е еднострана одлука и ние не се согласуваме со неа. Ги известуваме жителите од православна вероисповед од населеното место Илинден, дека одлуката со која се задолжуваат да уплатат одредена сума за изградба на новиот храм, е став на црковниот одбор при храмот „Свети Константин и Елена“. Донирањето при градба на некој храм е секогаш доброволно и треба да е израз на слободна волја и тоа претставува дар пред Бога”, изјавија Скопската епархија за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Епархијата нагласува дека свештениците ќе продолжат да ги погребуваат починатите лица во населбата Илинден, и покрај заканите на Црковниот одбор дека ваквата услуга ќе им биде укината.

    Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски не успеавме да го добиеме на телефон за да ни каже дали ќе преземе мерки против ваквата црковна одлука.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари