116 ИЛЈАДИ НОВИ ВАКЦИНИРАНИ ОТКАКО СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА КАФЕАНА

    116 ИЛЈАДИ НОВИ ВАКЦИНИРАНИ ОТКАКО СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА КАФЕАНАМинистерството за здравство објави дека прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Вкупно досега се аплицирани 1.152.274 дози вакцини. (Фото: СДК.МК)

    116.773 граѓани се вакцинираа против ковид-19 за нецели две недели откако Владата најави рестрикции за невакцинираните во саботата вечер на 7 август. Бројката на вакцинирани со барем една доза порасна од 535.567 на 652.340, а целосно вакцинирани се 499.934 граѓани, заклучно со вчера.

    Министерството за здравство објави дека прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Вкупно досега се аплицирани 1.152.274 дози вакцини.

    Мерките на Владата почнаа да важат од 18 август и оттогаш за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

    • сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест ковид-19
    • сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст

    Владата одлучи оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира