12 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЈАЛКОВ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    12 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА МИЈАЛКОВ ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕЗаврши базичниот случај на поранешното Специјално јавно обвинителство, воедно и најсложен и најобемен. (Фото: К. Попов)

    Првообвинетиот Сашо Мијалков дека како директор на УБК формирал злосторничко здружување и злоупотребувајќи ја службената положба и овластувањата од 2008 до 2015 година масовно прислушувал на стотици граѓани, незаконски, без судски наредби, неправосилно осуден е на заедничка затворска казна во траење од 12 години.

    Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој со Никола Бошковски од УБК избега во Грција на 18.10.2017 година, за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластувањатa доби 15 години затвор.

    Ексначалничката Надица Николиќ за истите две дела е осудена на 3 години.

    Создавачи на злосторничката група биле Мијалков, Грујевски и Николиќ, а организатор Мијалков.

    За давање параф да се уништи опремата со која се следеле комуникациите на стотиците телефони, за да се скријат доказите, како најодговорна, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска доби 4 години затвор.

    Никола Бошковски, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Гордана Јанкулоска во рок од 3 месеци по правосилноста на пресудата, треба ѝ да ја надоместат штетата на АНБ (поранешна УБК) за уништената опрема. Износот е околу 1,5 милион евра.

    Судијката Џенета Бегтовиќ од Основниот кривичен суд продолжи да ги чита пресудите.

    Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден е на 6 години.

    Избеганиот Бошковски доби 15 години затвор.

    Обвинетите Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски,  Васил Исаковски, Валентина Симоновска  и Силвана Златкова добија условна казна од две години затвор, која нема да ја одлежат ако пет години по правосилноста на пресудата не направат ново кривично дело.

    Судијата Владимир Туфегџиќ, пак, побара непристрасна истрага за 48-часовното бегство на Сашо Мијалков да се види кој му помогна да избега во неделата.

    Овие пресуди се првостепени. Следува натамошна постапка пред Апелациониот суд Скопје.

    Заврши базичниот случај на поранешното Специјално јавно обвинителство, воедно и најсложен и најобемен. Од овој скандал со масовното кршење на човековите слободи и права, произлегоа 20-тина обвиненија за корупција и криминал.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира