Во изминатото деноноќие починаа 8 лица по компликации од коронавирус, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево, а од 904 тестирања, регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство.
Новите случаи се од:
-Скопје 57
-Куманово 4
-Штип 13
-Тетово 6
-Струга 10
-Охрид-7
-Кавадарци 1
-Гостивар 8
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Кратово 2
-Свети Николе 12
-Кичево 4
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од:
-Скопје 35
-Штип 8
-Тетово 33
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пехчево 1
Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупнo ковид дијагностицирани во земјава има 9.153, оздравени се 4.810, починаа 422, а активни случаи има 3.921.
Б. НЕСТОРОСКА