13-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е НАЈМЛАДАТА СО АБОРТУС, 60 ОТСТО ОД ЖЕНИТЕ НЕ ОДАТ НА РЕДОВЕН ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, ВЕЛИ АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ГИНЕКОЛОЗИ

    13-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е НАЈМЛАДАТА СО АБОРТУС, 60 ОТСТО ОД ЖЕНИТЕ НЕ ОДАТ НА РЕДОВЕН ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД, ВЕЛИ АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ГИНЕКОЛОЗИМакедонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), започна со активности за одбележување на Неделата на женското здравје. (Фото: СДК.МК))

    Најмладата малолетничка во Македонија која абортирала има само 13 години. Во 2020, имало 18 девојчиња под 15 години кои биле родилки, а од вкупниот број на новороденчиња, 4,9 проценти биле донесени на свет од трудници на ворзаст од 15 до 19 години. Ова се само дел од податоците што со јавноста ги сподели Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), која започна со активности за одбележување на Неделата на женското здравје.

    Во тек е кампања со дебати за теми поврзани со репродуктивносто здравје на жените и активности за да се срушат стигмите и бариерите што девојчињата и жените ги имаат за своето репродуктивно и сексуално здравје и да ја подигнат свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи.

    „Малолетничката бременост можеби е во некакво опаѓање, но бројките уште се големи. Има огромно поле за работа со адолесцентите кои имаат одредени непознавања како се останува бремена и како да се заштитат од преносливи инфекции. Анализите покажаа дека тие претставуваат најмал дел од популацијата која редовно се обраќа на гинеколог. Кај младите има една стигма и незнаење за некои од основните работи, на пример опасностите да се здобијат со сексуална пренослива инфекција. 20 проценти од нив сметаат дека кондомот штити од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции. И 20 проценти од младите сметаат дека ако пијат орална контрацепција тоа ќе ги заштити од сексуално преносливи болести, што не е точно“, рече проф. д-р Глигор Тофоски.

    МАГО во соработка со други организации синхронизираше 20 видеоклипови каде на интересен начин за младите се пренесуваат сознанија за сексуалното здравје, а меѓу нив и за незаштитениот секс.

    Друг поразителен податок е тоа што повеќе од 60% од жените не одат на редовен гинеколошки преглед еднаш во годината, а повеќе од 40% немаат избрано матичен гинеколог. Источниот Регион бележи намал одѕив за вакви прегледи. Со пандемијата намален е и бројот на гинеколошки прегледи од бремените жени.

    „За жал, бележиме двојно намалени услуги за редовни прегледи посебно во првите три месеци од бременоста, а тоа е многу важно за сите компликации кои можат да се јават понатаму во бременоста. Намалени се услугите за репродуктивното здравје. Иако се спроведе проектот за безбеден абортус , сепак сите услуги за семејно планирање не забележавме дека добија поголем одговор во споредба со минатото“, рече проф. д-р Ана Данева.

    Со мобилната гинеколошка амбуланта од декември досега опфатени се 1.300 пациентки. Обезбедуваат ултразвучни прегледи во бременост, гинеколошки прегледи, земање на брис, ХПВ тест и тестови за сексуално преносливи инфекции, а жените ако е потребно се праќаат и на дополнителни иследувања.

    „Мобилните гинаколошки амбуланти функционираат до крајот на јуни. Важно е да останат одржливи и во склоп на Министерството за здравство, па да се опфатат оние региони каде има поголема преваленца на генитални карциономи или недостигаат матични лекари. Заборуваме за голема група од над 40 проценти пациентки кои немаат матичен гинеколог, па да се поттикнат да одберат и навремено да бидат потсетувани да го посетуваат барем еднаш во годината“, рече Тофоски.

    Пред 3 години, од невладината ХЕРА кажаа дека во многу региони, особено во руралните средини, жените немаат матичен гинеколог иако бројот на доктори во споредба со бројот на жители е во линија на Европската унија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира