Излезноста на гласачите денешните локални избори на нино на цела земја до 17 часот е 49,14 отсто, кажа портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска на третата прес-конференција во седиштето на ДИК.
На ниво на Град Скопје, пак, излезноста два часа пред затворање на гласачките места е 50,58 отсто.
Во Аеродром одизивот на гласачите е 55,83 отсто, во Битола – 50,39 отсто, во Бутел – 49,59 проценти, во Велес – 51,26 отсто, во Гази Баба излезноста е 58,02 отсто, во Карпош – 57,68 отсто, во Кисела Вода – 53,09 проценти, во Куманово излегле да гласаат 42,42 отсто од граѓаните, во Охрид – 52,95 проценти, во Струмица гласале 51,13 отсто од запишаните гласачи, во Тетово – 39,28 проценти, во скопски Центар – 56,11 отсто, во Чаир – 43,02 отсто, во Шуто Оризари излегле 33,8 отсто од гласачите, а во Штип – 57,01 отсто.
Од ДИК информираат дека највисока излезност на ниво на Македонија има во општина Вевчани, каде до 17 часот излегле да гласаат 72,05 отсто од запишаните избирачи, а најнизок одзив има во Маврово-Ростуше, каде на гласачките места се појавиле 31,19 проценти од гласачите.
На предвремните парламентарни избори на 11 декември минатата година до 17 часот гласаа 60,42 отсто од гласачите.