18-ГОДИШНИК УКРАЛ КОЛА И ВОЗЕЈЌИ БРЗО И БЕЗ ДОЗВОЛА НА 30 АВГУСТ ПРЕГАЗИ ДЕВОЈКА ВО СКОПЈЕ И ИЗБЕГА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР

    18-ГОДИШНИК УКРАЛ КОЛА И ВОЗЕЈЌИ БРЗО И БЕЗ ДОЗВОЛА НА 30 АВГУСТ ПРЕГАЗИ ДЕВОЈКА ВО СКОПЈЕ И ИЗБЕГА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОРОткако ја удрил девојката, избегал со колата и удрил во столб, го оставил возилото и пеш си заминал, криејќи се од органите на прогонот, вели Обвинителството. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Скопје бара притвор за 18-годишен скопјанец, кој на 30 август со украдена кола прегази девојка во Скопје која почина од повредите, а избегал без да ѝ помогне. Обвинителството соопшти дека донесе Наредба за спроведување истражна постапка против момчето за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Одземање на моторно возило од член 242, со одземеното возило сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, а потоа и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    На 30 август, од паркинг пред зграда на булеварот Трета македонска бригада  тој украл „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, и возејќи по булеварот Борис Трајковски без возачка дозвола, со брзината неприспособена спрема својствата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, изгубил контрола и излегол надвор од коловозот на тротоарот од десната страна, каде удрил девојка која се движела како пешак по тротоарот, тешко ја повредил и таа подоцна починала. По ударот, без да ѝ укаже помош на девојката, продолжил да вози, повторно изгубил контрола над воланот и удрил во метална ограда. Го оставил возилото и пеш си заминал, криејќи се од органите на прогонот.

    „Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постојат особени околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителстото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира