2 ПОЧИНАТИ, 111 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, НАЈМНОГУ АКТИВНИ ВО СКОПЈЕ ИМА ВО ЧАИР, 152

    2 ПОЧИНАТИ, 111 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, НАЈМНОГУ АКТИВНИ ВО СКОПЈЕ ИМА ВО ЧАИР, 152На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. (Фото: Ѓ. Личовски)

    111 нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во последните 24 часа од 854 тестови, во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9, објави Министерството за здравство.

    По општини, активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи се:
    Чаир 152
    Бутел 59
    Гази Баба 58
    Аеродром 53
    Сарај 52
    Центар 52
    Карпош 40
    Кисела Вода 29
    Арачиново 23
    Студеничани 18
    Ѓорче Петров 17
    Илинден 17
    Шуто Оризари 12
    Петровец 6
    Чучер Сандево 3
    Сопиште 2
    (се утврдува општина) 1

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Оздравени се 6 пациенти, во: Прилеп – 1, Тетово – 4, Битола – 1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка. До утрово, во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, а со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 3.025, оздравени се 1.646, починати се 153, а активни се 1.226.

    По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

    Скопје 1264, активни 658
    Куманово 556, активни 140
    Дебар 52, активни 1
    Штип 174, активни 136
    Прилеп 218, активни 27
    Тетово 281, активни 119
    Струга 98, активни 25
    Велес 144, активни 30
    Битола 30, активни 3
    Охрид 31, активни 14
    Кавадарци 6, активни 1
    Гостивар 50, активни 29
    Гевгелија 6, активни 2
    Струмица 5, активни 2
    Крива Паланка 7, активни 1
    Радовиш 4, активни 0
    Крушево 3, активни 0
    Кочани 51, активни 20
    Пробиштип 5, активни 3
    Демир Хисар 1, активни 0
    Македонски Брод 2, активни 0
    Пехчево 3, активни 0
    Берово 2, активни 1
    Валандово 3, активни 2
    Виница 3, активни 1
    Делчево 1, активни 0
    Кратово 3, активни 1
    Свети Николе 3, активни 2
    Кичево 3, активни 1
    Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 854 теста се преку: ИЈЗ – 440, ЦЈЗ Скопје- 12, Авицена – 78, Биотек – 127, Жан Митрев (Филип Втори) – 56, Систина со ПЦР метода – 81 и МАНУ – 60. Досега во земјата се направени вкупно 36.325 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на КОВИД- 9.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира