Во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се од: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.
Министерството за здравство соопшти дека во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациентка од Скопје ( 53 години) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот, а во болницата во Тетово почина пациентка (60 години) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Оздравени се 12 пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.
Вкупно ковид дијагностицирани се 3.701, оздравени пациенти се 1.694, починати се 171, а активни случаи се 1.836. По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резулатат, последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје 1676, активни 1040
Куманово 620, активни 202
Дебар 56, активни 5
Штип 232, активни 192
Прилеп 226, активни 25
Тетово 336, активни 165
Струга 115, активни 39
Велес 149, активни 28
Битола 30, активни 3
Охрид 55, активни 38
Кавадарци 6, активни 1
Гостивар 56, активни 33
Гевгелија 7, активни 3
Струмица 7, активни 4
Крива Паланка 8, активни 2
Радовиш 4, активни 0
Крушево 3, активни 0
Кочани 54, активни 23
Пробиштип 11, активни 9
Демир Хисар 1, активни 0
Македонски Брод 3, активни 1
Пехчево 3, активни 0
Берово 2, активни 1
Валандово 4, активни 3
Виница 3, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 3, активни 1
Свети Николе 7, активни 6
Кичево 3, активни 1
Ресен 3, активни 3
Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.045 теста се преку: ИЈЗ –353 , ЦЈЗ Скопје-23, Авицена –152, Биотек -95, Жан Митрев (Филип Втори) –166, Систина со ПЦР метода –114 и МАНУ -142. Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера – (бројката по општини може да подлежи на измени со оглед на тоа што од вчера се уште не се завршени сите анкети)
Чаир-235
Бутел-88
Аеродром-87
Гази Баба-89
Центар-87
Карпош-79
Сарај-75
Кисела Вода-52
Ѓорче Петров-39
Шуто Оризари-29
Студеничани-25
Арачиново-30
Илинден-20
Петровец-7
Чучер Сандево-6
Сопиште-3
Странец-2
Неутврден-2