20 ГОДИНИ ДРЖАВАТА ВЕ ПЛАЌА ДА ПАЛАМУДИТЕ ЗА ЧОВЕК КОЈ ДАВА ПЛАТИ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ЃОРЧЕВ ЗА КРИТИКИТЕ КОН АНГЕЛОВСКА

    20 ГОДИНИ ДРЖАВАТА ВЕ ПЛАЌА ДА ПАЛАМУДИТЕ ЗА ЧОВЕК КОЈ ДАВА ПЛАТИ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ЃОРЧЕВ ЗА КРИТИКИТЕ КОН АНГЕЛОВСКАПратеникот Влатко Ѓорчев му реплицираше на премиерот Зоран Заев дека како премиер не му доликува да користи таков речник и терминологија. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев побара од кандидатката за министер за финансии Нина Ангеловска да одговори дали е вистина дека ги плаќа вработените во нејзините компании по 12 до 15 илјади денари на вчерашната седница за избор на нови министри. На тоа, премиерот Зоран Заев, кој реплицираше на пратеничките говори за Ангеловска, му одговори на Ѓорчев дека „паламуди“ и држи предавања, а две децении чека плата од државата.

    „Држите некои предавања тука, 20 години државата ве плаќа да паламудите тука и да мешетарите и да испорачувате малверзации. Имате човек за осум години ги засукал ракавите, дава плати. Дава плати, а вие две децении чекате плати од државата за да можете да држите овде некои лекции демотивирачки за сите други млади луѓе во државата“, кажа Заев на собраниската говорница.

    Ѓорчев потоа му рече на Заев дека како премиер не му доликува да користи таков речник и терминологија.

    „Вашиот речник и вашата терминологија зборува за вас. Вие сте премиер и ако сте решиле да користите зборови и терминологија кои што не прилегаат, правете го тоа во приватна сфера, но на говорница во Собрание не доликува премиер така да се обраќа. Не ви личи господине Заев“, рече Ѓорчев.

    Седницата за избор на нови министри продолжува денеска во 12 часот. Покрај Ангеловска, кандидиран за министер без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, e Хисен Џемаили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира