20-ГОДИШНИК ОД ГОЛЕМА РЕЧИЦА ПРОДАВАЛ УКРАДЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА НА ИНТЕРНЕТ, ОТКРИЕН ВО АКЦИЈА НА МВР И ФБИ

    20-ГОДИШНИК ОД ГОЛЕМА РЕЧИЦА ПРОДАВАЛ УКРАДЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА НА ИНТЕРНЕТ, ОТКРИЕН ВО АКЦИЈА НА МВР И ФБИПолицијата обезбедила докази дека осомничениот преку Телеграм набавувал за себе и поседувал материјали со сексуална злоупотреба на деца. (архивска фотографија)

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против 20-годишниот Е.А. од тетовското село Голема Речица, откако во заедничка акција со американското Федерално истражно биро (ФБИ) било откриено дека администрирал нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци. Тој се сомничи за кривичните дела Компјутерска измама, Злоупотреба на лични податоци и производство и Дистрибуција на детска порнографија, соопштија од МВР.

    Истрагата на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР била покрената по првични информации добиени од ФБИ за криминални активности поврзани со нелегалната онлајн платформа OLVX.

    Според обезбедените докази, осомничениот во периодот од 2023 до 2025 година ги администрирал домените и веб-страниците на оваа платформа, која служела за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги за извршување компјутерски криминал. Главни корисници биле сајбер-криминалци кои тргувале со лични податоци, а преку пазарот биле понудени над 1.500 украдени пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви.

    Во истрагата било утврдено и дека пријавениот од 2025 до 2026 година ја водел нелегалната група ONEMILI на комуникациската апликација Телеграм. Преку неа се нуделе алатки и услуги за компјутерски криминал, меѓу кои и измами за незаконско враќање пари. Полицијата обезбедила докази дека осомничениот преку Телеграм набавувал за себе и поседувал материјали со сексуална злоупотреба на деца.

    Од МВР велат дека ова е прва заедничка координирана сајбер-операција меѓу македонската полиција и ФБИ за откривање и сузбивање на организиран компјутерски криминал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира