22-годишник од Гостивар е осомничен за силување 13-годишно девојче, соопшти Основното јавно обвинителство Гостивар. Станува збор за кривично дело од член 188 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со силување дете кое не наполнило 15 години.
Од обвинителството велат дека осомничениот и жртвата се запознале преку апликацијата Снепчет, а потоа почнале и да се гледаат.
„Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому“, се вели во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делот