До денес 22 лица побарале помош за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава по почнувањето на конфликтот помеѓу Иран и Израел, соопшти Министерството за надворешни работи. Станува збор за македонски државјани, како и за членови на нивните потесни семејства.
„Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата“, велат од МНР.
Оттаму додаваат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.