226 ВОСПИТУВАЧКИ АНГАЖИРАНИ ВО ГРАДИНКИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ЌЕ ДОБИЈАТ РЕШЕНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, А ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ И НОВИ 260

    226 ВОСПИТУВАЧКИ АНГАЖИРАНИ ВО ГРАДИНКИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ЌЕ ДОБИЈАТ РЕШЕНИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, А ЌЕ СЕ ВРАБОТАТ И НОВИ 260Според анализите на Министерствотото за труд и социјална политика во градинките недостигаат 2.000 воспитувачки. - Воспитувачки во градинка во Струмица (Фото: СДК.МК)

    Министерството за труд и социјална политика ќе вработи 226 воспитувачки во детските градинки кои досега биле ангажирани со договори на определено време. Покрај тоа добиена е согласност од Министерството за финансии за уште 260 нови вработување на неопределено време, информираа вчера од Министерството за труд и социјална политика.

    „Со вработување на 226 воспитувачки кои досега биле ангажирани на определено време ја прекинуваме долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите. Во насока на понатамошно подобрување на состојбата со кадровската екипираност во детските градинки, обезбедена е согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределено време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Според анализите на Министерството во градинките недостигаат 2.000 воспитувачки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира