25 ОТСТО ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА ЛЕКАРИТЕ СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ, ОД 5 ДО 20 ОТСТО ЗА ОСТАНАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО

    25 ОТСТО ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА ЛЕКАРИТЕ СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ, ОД 5 ДО 20 ОТСТО ЗА ОСТАНАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТОМинистерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за зголемувањето на платите во здравството. (Фото: МИА)

    Лекарите, медицинските сестри, здравствените соработници, младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал од февруари ќе добијат зголемени плати, најави министерот за здравство Венко Филипче. На денешната прес-конференција, тој кажа дека Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнале договор за анексите на двата колективни договори и тој е потпишан неколку дена пред почнување со работа на техничката влада. Филипче рече дека ова зголемување на платите е трето во последните две години, а четврто ако се вклучи и зголемувањето на процентите за дежурства.

    „Новото последно зголемување, здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал ќе го добијат од февруари годинава, со мартовската исплата. Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници – 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал“, рече Филипче, додавајќи дека дежурствата, во однос на тоа што беа на почетокот на 2018 година, во овој момент се зголемени за 3-4 пати, а од февруари ќе бидат зголемени за 4-5 пати.

    „Веќе сега, на некои клиники на кои има голема комплексност, заедно со дежурствата, платата достигнува 100.000 денари, а од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари. Негде може и да се надмине, а сериозно ќе се доближи меѓу 85 и 110 илјади денари во зависност од дежурствата во сите општи болници ширум државата“, рече Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира