260 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ЖИВЕАТ СО ПЛАТА ПОД 600 ЕВРА, А САМО НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ИЗЛЕГОВМЕ НА ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ, РЕЧЕ ТРЕНДАФИЛОВ

    260 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ЖИВЕАТ СО ПЛАТА ПОД 600 ЕВРА, А САМО НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ ИЗЛЕГОВМЕ НА ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ, РЕЧЕ ТРЕНДАФИЛОВ​Денеска 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, а денеска, за жал, само неколку илјади луѓе сме тука на протест за 1 Мај, рече Трендафилов. (Фото: К. Попов)

    „За плата се бориме, не се молиме“ е слоганот на денешниот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај.

    Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов на почетокот на маршот рече дека за жал имаме квази синдикати кои сметаат дека не треба да се протестира, кои сметаат дека 1 мај е за луксуз во скап хотел на скапа конференција.

    Сојузот на синдикати го организираше тадиционалниот протест барајќи зголемување на минималната плата и раст на сите плати. (Фото: К. Попов)

    „​Да ви се заблагодарам за вашето присуство за тоа што ќе го одбележиме 1 Мај најдостоинствено досега во историјата на Македонија. Затоа што  сакавте да бидете тука, во име на сите работници. ​Денеска, кога ќе се движиме до Владата, ќе бидеме нашите граѓани на нивните балкони, на нивните прозори, кои ќе гледаат одозгора. Ќе седат во нивните удобни фотелји и ќе чекаат ние, ние и некој како нас да се избориме за нивната плата.
    ​Да им се извинам на полициските службеници кои мораат денеска да бидат тука со нас. Да ви се извинам и вам, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија затоа што треба да се бориме уште пожестоко, уште повеќе затоа што платите се ниски.
    ​Денеска, за жал, 260.000 работници живеат со плата под 600 евра,  денеска, за жал, само неколку илјади луѓе сме тука на протест за 1 Мај. Веројатно ситуацијата која се креира во општеството е таква, да треба да се поклониме, да треба да се потчиниме,  но нема да го направиме тоа“, рече Трендафилов.

    Маршот продолжи накај Владата, каде  Трендафилов кажа дека  работниците денес не се заштитени на своите работни места.

    „За жал, голем број работници денес гинат на своите работни места. Наутро заминуваат на работа, а навечер не се враќаат. И никој не презема ништо за нивна заштита“ , кажа Трендафилов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира