Најтемниот момент на Балканот годинава беше 27 април во Собранието на Република Македонија, а најдобрата вест во целиот регион – формирањето на новата реформска влада, рекол заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, јавува агенцијата Мета.
Хојт Ји ова го кажал во рамките на панел-дискусијата на „Дубровник форум 2017“, што се одржува на тема „Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа“.
Министерството за надворешни работи соопшти дека на панелот учествувал и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Тој рекол дека „Една држава не може да биде стабилна на долг рок ако има фрагилни институции. Стабилноста доаѓа од силни институции, владеење на првото, независно судство, економски просперитет, слободни медиуми. Новата реформска влада посветено работи да ја врти државата на европскиот пат“, рекол Димитров.
Министерот Димитров и Хојт Брајан Ји имале и билатерална средба на која била потенцирана поддршката на САД за евроатлантските интеграции на Македонија.