3.000 СТЕЧАЈЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ПО 120 ЕВРА МЕСЕЧНО СПОРЕД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ УСВОЕН ОД ВЛАДАТА

    3.000 СТЕЧАЈЦИ ЌЕ ДОБИВААТ ПО 120 ЕВРА МЕСЕЧНО СПОРЕД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ УСВОЕН ОД ВЛАДАТАСредствата се обезбедени од буџетот, велат од Министерството за труд и социјала. - Од синоќешната седница на Владата (Фото: Влада)

    Владата на синоќешната седница усвои предлог-закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како „Закон за стечајци“, според кој околу 3.000 лица ќе добиваат 7596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

    Со предлог-законот би се опфатиле невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година.

    „Со ова законско решение се дава можност за материјално обезбедување на поголем број стечајни работници. Според проценките на Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат опфатени околу 3.000 лица, кои ќе добиваат 7.596 денари месечно, за што се обезбедени средства во Буџетот“, се вели во соопштението на министерството.

    Од Здружението за стечајни работници УНИТ од Куманово велат дека се задоволни од одлуката на Владата и очекуваат дека веднаш по одморите законот ќе биде донесен во Собранието и од октомври ќе започне исплатата на надоместокот.

    „Со овој закон ќе бидат опфатени 500-600 стечајни работници од Куманово, бидејќи ние сме и најбројни, или 3.000 стечејци на ниво на државата. Тоа ќе значи многу за нашите семејства, кои со години талкаа по улиците борејќи се за своите права“, вели Љиљана Георгиевска, претседателка на УНИТ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира