УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 58-ГОДИШНИК ОД ГОСТИВАР ПОЧИНАЛ ПО ПРИЕМ ВО БОЛНИЦА, НОВИ 72 БОЛНИ ОД 793 ТЕСТА

    УШТЕ ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 58-ГОДИШНИК ОД ГОСТИВАР ПОЧИНАЛ ПО ПРИЕМ ВО БОЛНИЦА, НОВИ 72 БОЛНИ ОД 793 ТЕСТАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а во „8 Септември“ примени се 6 нови; - Возило на Брза помош низ скопските улици. (Фото: К. Попов)

    Педесет и осумгодишен пациент од Гостивар почина од компликации од ковид-10 веднаш по приемот во болница, а во болнички услови починаа и 44-годишна струмичанка и пациент од Охрид на 79 години, соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Дебар-4, Штип-3, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-9, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-3, Крива Паланка -1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти, од кои на респираторна машина се четворица.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје-8, Куманово-7, Штип-4, Тетово-1, Струга-4, Велес-2, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-11, Гевгелија-1, Крива Паланка -2, Кочани-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 15.293, оздравеа 12.754, починаа 634, а активни се 1.905. Денеска се регистрираат пет контролни од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6.177, активни 588

    • Куманово 1.554, активни 230

    • Дебар 264, активни 31

    • Штип 1.191, активни 90

    • Прилеп 532, активни 140

    • Тетово 1.260, активни 105

    • Струга 604, активни 60

    • Велес 281, активни 21

    • Битола 231, активни 40

    • Охрид 377, активни 53

    • Кавадарци 191, активни 26

    • Гостивар 825, активни 103

    • Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 83, активни 30

    • Крива Паланка 62, активни 18

    • Радовиш 48, активни 8

    • Крушево 17, активни 1

    • Кочани 169, активни 39

    • Пробиштип 91, активни 16

    • Демир Хисар 60, активни 2

    • Македонски Брод 80, активни 13

    • Пехчево 38, активни 26

    • Берово 69, активни 35

    • Валандово 10, активни 2

    • Виница 84, активни 27

    • Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 6

    • Свети Николе 302, активни 25

    • Кичево 286, активни 40

    • Ресен 147, активни 0

    • Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181, Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со ПЦР метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 56

    • Гази Баба – 75

    • Аеродром – 98

    • Карпош – 68

    • Центар – 65

    • Кисела Вода – 55

    • Ѓорче Петров – 37

    • Бутел – 39

    • Шуто Оризари – 23

    • Студеничани – 16

    • Сарај – 16

    • Арачиново – 10

    • Илинден – 12

    • Сопиште – 4

    • Чучер Сандево – 1

    • Петровец – 4

    • Зелениково – 1

    • Странец – 4

    • Нераспределен-4

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира