30.582 СПОРНИ ГЛАСАЧИ И ДЕФИНИТИВНО ОТПАЃААТ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    30.582 СПОРНИ ГЛАСАЧИ И ДЕФИНИТИВНО ОТПАЃААТ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

    Во Избирачкиот список ќе влезат само 8.922 гласачи од вкупно 39.502 спорни гласачи, кои по отворениот повик се пријавија во Државната изборна комисија и го потврдија своето право на глас. Останатите 30.582 спорни гласачи остануваат надвор од списокот.
    Секако, велат од ДИК, тие и за време на јавниот увид во Избирачкиот список, по распишувањето на изборите, ќе имаат право, како и сите граѓани на РМ, да се пријават и да го потврдат гласачкото право со валидни документи.
    “Државната изборна комисија заклучи дека во законскиот рок од 10 дена по истекот на рокот за пријавување согласно објавениот јавен повик, не беше поднесено барање од три или повеќе члена на Државната изборна комисија за дополнителна проверка за кое било од лицата кои се пријавиле во текот на увидот. Со тоа, Извештајот за спроведената постапка за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список од 23.08.2016 година е конече“, соопшти предмалку ДИК.
    Денеска Комисијата до четирите најголеми партии ќе достави информација за состојбата на Избирачкиот список, намален за 30.582 спорни гласачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира