30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА 23-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБИЛ ДУШЕВНО БОЛНО ЛИЦЕ И ЧИНОТ ГО ПРЕНЕСУВАЛ ВО ЖИВО НА ЈУТЈУБ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА 23-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ КОЈ СЕКСУАЛНО ЗЛОУПОТРЕБИЛ ДУШЕВНО БОЛНО ЛИЦЕ И ЧИНОТ ГО ПРЕНЕСУВАЛ ВО ЖИВО НА ЈУТЈУБОсновното јавно обвинителство Битола покрена истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице. (Фото: СДК.МК)

    Притвор во траење од 30 дена доби 23-годишен битолчанец кој сексуално злоупотребил душевно болно лице и чиот го пренесувал на живо на Јутјуб, соопшти Обвинителството. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за битолчанецот осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик.

    „На 23 април, во својот дом во Битола, осомничениот полово злоупотребил лице со трајно душевно заболување, го навел да изврши полово дејствие, а чинот го снимал и го пренесувал во живо на регистриран канал на Јутјуб“, вели Обвинителстото и додава дека судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифатил предлогот на надлежниот јавен обвинител за определување притвор за осомничениот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира