30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ШТО СО КОЛА ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТ КАЈ ТЕТОВО, А ПОЛИЦИЈАТА ИМ НАШЛА ДВА ПИШТОЛА ПРИ СПАСУВАЊЕТО

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ШТО СО КОЛА ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТ КАЈ ТЕТОВО, А ПОЛИЦИЈАТА ИМ НАШЛА ДВА ПИШТОЛА ПРИ СПАСУВАЊЕТООружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени излетале од патот регионалниот пат Тетово-Јажинце, соопшти Обвинителството. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Тетово почна истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин бидејќи неовластено поседувале пиштоли. Оружјето било пронајдено на 10 октомври, кога двајцата осомничени излетале од патот регионалниот пат Тетово-Јажинце.

    Двајцата, во патничко возило ‘фиат браво’ со косовски регистарски ознаки, неовластено држеле пиштол марка ‘црвена застава’ со една рамка во која имало 4 куршуми со калибар 6.35 мм, како и пиштол. Оружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничните со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото“, велат од Обвинителството.

    Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира