30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИ

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА МУХАМЕД ЗЕКИРИОткако беше осомничен, Зекири соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата. (Фото: Влада на РСМ)

    На генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири му е одреден 30-дневен притвор, откако утринава Обвинителството за организиран криминал и корупција кажа дека тој е осомничен заедно со двајца хрватски државјани оти со изигрување на тендерска постапка, незаконски присвоиле 145.400 евра. Потоа, Зекири соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

    Како што соопшти Кривичниот суд, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластувања. Судот кажа и дека судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на осомничениот, но во текот на денот тој самиот се пријавил во судот да се произнесе за предлогот.

    „Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон, донесено е решение за притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода“, велат од судот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира