335 ТЕСТИРАЊА, ПОТВРДЕНИ 19 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ПОЧИНАА УШТЕ ДВАЈЦА ЗАБОЛЕНИ

    335 ТЕСТИРАЊА, ПОТВРДЕНИ 19 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, ПОЧИНАА УШТЕ ДВАЈЦА ЗАБОЛЕНИВо Градската општа болница „8 Септември“ починаа 2 лица, 49-годишна пациентка од Липково и 73-годишен пациент од Скопје. - Процент на заболени од бројот на тестирани за април (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1, соопшти Министерството за здравство.

    Сто дваесет и шест пациенти се оздравени од коронавирус. Од нив во Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72, стои во последната статистика на Институтот за јавно здравје. Вкупната бројка на досега излечени е 500.

    Од Министерството за здравство велат дека во Градската општа болница „8 Септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73-годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба. Вкупната бројка на досега починати е 61.

    Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.386, активни 825, а последната дистрибуција по градови е следна:

    Скопје – 471
    Куманово – 371
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –141
    Тетово – 73
    Струга – 64
    Велес – 66
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –15
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -4
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1
    Валандово -1
    Виница – 2

    Направените 335 теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен факултет- 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со ПЦР метода – 15 и МАНУ -5 . Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања на КОВИД -19.

    На Инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.

    Во ГОБ „8 Септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.

    Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира